Во Пехчево ќе се ловат кучиња скитници кои имаат сопственици

Општина Пехчево во наредните денови ќе отпочне со реализација на законската обврска за заловување на кучиња скитници и кучиња кои имаат сопственик, а слободно шетаат по улиците. Како што информираат од општината, заловувањето на кучињата ќе се врши од страна на АД ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово, која е избрана фирма на претходно објавениот тендерот за вршење на оваа услуга.
 
-Согласно одлуката за комунален ред во општина Пехчево, сопствениците на кучиња се должни, своите кучиња да ги држат во сопствените дворни места. Кучето може да се изведе надвор само со кошница на устата и врзано со каиш, придружувано од сопственикот. Заловувањето на кучињата скитници и кучињата кои имаат сопственик, а шетаат слободно по улиците, ќе се врши од страна на квалификувани лица на избраната фирма на тендер за заловување кучиња, на начин кој нема да предизвика болка или страдање, информираат од општината.
 
Трошоците за заловување и третман на регистрираните и нерегистрираните кучиња, како што додаваат, се на товар на сопствениците на кучиња, а во случај на бездомни кучиња, товарот паѓа на општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*