До крајот на овој месец во Делчево ќе биде извршена дератизација на градската канализација и канализацијата во селата Разловци, Тработивиште и Град. Како што информираа од општина Делчево, активностите се дел од програмата за заштита на населението од заразни болести и други заболувања.
– Согласно планираните активности кои се предвидени во Програмата за заштита на населението од заразни и други заболувања, изготвена од ЈЗУ ,,Центар за јавно здравје”, Општина Делчево ги известува граѓаните, дека до крајот на месец јуни ќе биде извршена дератизација на градската канализација и канализацијата во селата Разловци, Тработивиште и Град. Активностите ќе се реализираат во согласност со Програмата за работа на Одделението за превенција, заштита и спасување при општина Делчево, истакнаа од општината.

Воедно информираат дека, според планираните обрски кои произлегуваат од напред споменатите програми, веднаш штом ќе дозволат временските услови, ќе се отпочне со теристичка дезинсекција, прскање против комарци, на територијата на општина Делчево.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Делчево, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата
Leave a Reply