ООУ ,,Св.Климент Охридски” вечерва ќе ги додели наградите на најдобрите ученици

Вечерва со почеток во 20 часот во големата сала на Спомен дом АСНОМ организација, Општинското основно училиште ,,Св.Климент Охридски” ќе ја реализира завршната приредба по повод крајот на учебната година.

Во рамки на настанот, како што информираат од училиштето ќе бидат доделени наградите за учениците кои постигнаа најдобри резултати, а ќе биде доделена награда и за првенецот на генерацијата чие име ќе биде соопштено вечерва.

Програмата ќе биде збогатена со музичко-сценски настап подготвен од самите ученици и нивните ментори.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*