Делчевските волонтери вежбаа укажување прва помош при повреди во планина

Во организација на Општинската организација на Црвен крст Делчево, а во соработка со планинарскиот клуб „Голак“, денес кај комплексот „ Езеро Сандански“, се спроведе заедничка вежбовна активност за укажување прва помош при повреди настанати во планина. Вежбата, како што информираше претседателката на Црвен Крст Делчево, Билјана Георгиевска, се спроведе со волонтерите од основните и средното училиште.

-Со младите волонтери излеговме во природа и меѓу другото, реализиравме вежба во делот на укажување на прва помош во планина и на отворено. Притоа, користевме прирачни средства за имобилизација, односно средства со кои ќе се затекнеме на лице место. Активноста се реализираше со младите волонтери од средното и основните училишта кои што се обучени за прва помош. Притоа вежбата ја изведуваа младите волонтери, кои ќе не претставуваат на Државниот натпревар по прва помош, кој оваа година ќе се одржи во Битола, рече Георгиевска.

Активноста, како што истакна претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски е продолжување на заедничката соработка со Општинската организација на Црвен крст.

– Прво да се заблагодарам на одговорното лице доктор Билјана и општинската оргнизација Црвен крст Делчев,  што соработката која ја имавме од минатите години ја продолжуваме. Денес имавме демонстрирање и предавање од делот на повреди во планина и природа. За нас овие активнсоти се од огромно значење, бидејки никој не сака повреди во планина, но како такви се случуваат. За мене како планинарски водич е мошне важно да се потсетам на ове работи, па и да научам нешто ново од одговорните во Црвен крст, така што во иднина секогаш кога ќе дојде до вакви повреди, ќе можам да укажам прва помош на повреденото лице, се додека не дојдат екипи, кои ќе укажат помош на повисоко ниво. Многу важно е кога ќе се јават овие повреди во планина, ние планинарите да знаеме прво да укажеме помош, а потоа да бидеме со повреденото лице, се додека понатаму не биде згрижено, рече Чучуковски.

Повеќе за ова погледнете во видеото во продолжение.

Младите волонтери вежбаа укажување на прва помош при повреди во планина

Младите волонтери вежбаа укажување на прва помош при повреди во планина

Posted by delcevo365.mk on Thursday, June 27, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*