Поради асфалтирање сообраќајот на патниот правец Берово – граничен премин ,,Клепало” забранет за сообраќај

Поради започнување на активностите за асфалтирање, од денес државниот пат Берово-граничен премин Клепало, ќе биде забранет за сообраќај за моторни возила.
Забраната, како што информираат од општината ќе важи во наредните две недели.
 
-Сакаме да ги информираме граѓаните и туристите кои престојуваат во нашата општина, дека во периодот од 27 јуни во наредните две недели, во периодот од 11:00 до 16:00 часот, ќе се врши асфалтирање на државниот пат, Берово-граничен премин Клепало и истиот во наведениот период, ќе биде забранет за сообраќај, на сите видови моторни возила. Државниот пат Берово-граничен премин Клепало, ќе биде забранет за сообраќај за трактори и за тешки возила, секој ден, додека трае асфалтирањето, до 21:00 часот, информираа од општина Берово.
 
Заради квалитетно извршување на работите, од општината апелираат до граѓаните и туристите за стрпливост и воздржаност за време додека траат градежните работи.
 
Средствата во висина од 89 милиони денари за реализација на овој значаен зафат се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*