Концерт на позната балканска ѕвезда ова лето во Делчево

Општина Делчево за ова лето подготвува богата културна програма. Како што изјави Даниела Такева од општина Делчево, целта на годинешната програма е да се понуди квалитет во понудата и сето тоа да се спакува во понуда за сите возрасти и вкусови. 
 
-Нашата цел е да понудиме квалитет, а не кванититет и сето тоа да го спакуваме во една понуда за сите возрасти и вкусови. Во подготовка сме на јубилејните – традиционални меѓународни Голачки фолклорни средби со што даваме почит и правиме промоција на изворниот фолклор. Најавуваме ова лето и добра забава за младите со познати ди-џеи, ноќен баскет со добра забава во партнерство со Советот на млади, Фестивал на серенади и концерт на оркестри и групи, филмски маратон, сето тоа во соработка со Центарот за култура, ликовна изложба, промоција на книги и Пијанечко-малешевската свадба заедно со Меѓународниот фолклорен фестивал  „Делчево фест 2019“ кој се реализира во партнерство со КУД „Гоце Делчев“, соопшти Такева.
 
Како што дополни, ова лето, по теркот на големите градови, ќе следи и изненадувањето кое за делчевчани го подготвува општината.
-Ќе дадеме повод, како и лани, Делчево на 9 август да биде посакувана дестинација за сите жители од регионот. Во партнерство со бизнис-секторот, во подготовка сме и на голем концерт на кој ќе настапува позната естрадна ѕвезда од Балканот. Но детали, ќе соопштиме наредниот период, вели Такева.

Најава за голем летен концерт во Делчево

Најава за голем летен концерт во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Saturday, June 29, 2019

Културната програма за ова лето започнува на 1 јули со промоцијата на романот „Бдеењето над себе“ од нашата сограѓанка Дијана Петрова.
 
Во продолжение се потсетуваме на дел од минатогодишниот концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд кој се одржа на летната сцена во Делчево на кој по подолго време присуствуваа рекорден број посетители.

Градот на војводата во живо пред 2000 делчевчани, 7 август 2018!

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, August 7, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*