По освоеното европско злато во Одеса, Украина, најуспешниот македонски бенчер Бошко Стаменковски, со две први места се враќа од Лесковац, Србија, каде денес учествуваше на меѓународниот турнир ,,Сербиа опен 2019″.
Златните медали Стаменковски ги освои во дисциплината бенч-прес за натпреварувачи до 74 килограми. Тој изјави дека медалите се резултат на добрата форма која тој ја темпирал, за последните две натпреварувања.

-Иако по Европското првенство имав кратко време да се приспособам за овој натпревар, сепак решив да се пријавам и не погрешив. Очигледно напорните тренинзи пред Европското првенство беа клучни и на овој натпревар во Лесковац да го освојам посакуваното злато. Златните медали ги освоив за подигнати 132,5 килограми во бенч-прес дисциплините за натпреварувачи до 74 килограми и 74-М1, изјави Стаменковски.


Додаде дека, на овој Меѓународен натпревар на кој учествувале најдобрите бенчери од неколку балкански земји, тој бил единствен претставник од Македонија.
ОСВОЕНО 1 МЕСТО ВО БЕНЧ ДО 74 КГ Bosko Stamenkovski Bosko Stamenkovski
Posted by Bosko Stamenkovski on Saturday, June 29, 2019
Следен предизвик за Стаменковски е Светското првенство во пауерлифтинг, кое на почетокот на септември ќе се одржи во Атланта, САД.

Leave a Reply