Утре, 1 јули понеделник, во Делчево со почеток во 05:30 часот ќе врши дератизација на канализациската мрежа на територијата на општината. Како што соопштуваат од општината, оваа мерка е предвидена согласно годишната програма за заштита на населението од заразни болести и други заболувања.
-Акцијата ќе ја спроведат стручни екипи од Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“ Кочани, ПЕ Делчево, Јавното претпријатие „Брегалница“, како и вработени во Одделението за инспекциски надзор при Општината. Покрај канализациската мрежа во градот, ќе бидат третирани и мрежите во селата Разловци, Тработивиште и Град, информираат од општина Делчево.

Додаваат дека при третманот ќе се користат средства наменети за ваков вид на активности.
Согласно планираното, во текот на месец јули во Делчево планирано е и теристичко прскање против комарци.

Leave a Reply