На врвот „Руен“ се одржува традиционалната Меѓугранична средба „Балкан без граници“

Врвот „Руен“ и годинава беше зборното место на планинарите од Македонија и Бугарија кои учествуваа на традиционалната Меѓугранична средба „Балкан без граници“. Средбата која по 30 пат се одржа на најголемите височини на Осоговските планини е во организација на Еколошкото друштво „Еко Здравец 2002“ од Македонска Каменица, Планинарското друштво „Руен“ од Крива Паланка и туристичкото друштво „Осогово“ од Ќустендил.
 
Игор Коларски од Делчево е редовен учесник на овој настан и за него маршрутата за искачување до „Руен“ не била воопшто тешка.
 
-Во последните години сум редовен учесник на овој настан. Маршрутата на искачување до врвот, барем за мене, не е напорна, при искачувањето бевме поделени во помали групи, додека дел од учесниците излегоа на „Руен“ со теренски возила, мотори и велосипеди. Се на се, одлично дружење, кое вреди да се доживее, истакна Коларски.
Игор Коларски – планинар од Делчево

Искачувањето, како што информираa организаторите, се реализираше од три појдовни точки, првата од Македонска Каменица, втората од Крива Паланка, додека третата од Ќустендил, Р Бугарија.

 
За сите планинари организаторот обезбеди храна и пијалок, а за сите помагатели беа доделени благодарници. Традиционалната средба „Балкан без граници“ е поддржана од општина Македонска Каменица и Рудник Саса.
Еве неколку фотографии кои директно од настанот ни ги испрати планинарот Игро Коларски

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*