,,Ламбата на Аладин” на каменичанец му донесе добивка од 10 илјади евра

Инстант лозот ,,Аладинова ламба” донесе среќа на уште еден добитник кој освои неверојатни 700. 000 денари

Добитникот кој инсистираше да остане анонимен е од Македонска Каменица, а добитниот лоз е купен од среќното продажно место „Астро Дооел“.

Ова за него не е прва добивка, претходно имал помали добивки, а тоа е резултат на неговата упорност со игрите на среќа. Како што ни кажа, години наназад редовно  уплаќа Лото секое коло, а секој ден купува по неколку инстанти.

Инаку, лозот Аладиновата ламба со своите интересни игри ве води во потрага по добивки до 700.000 денари. Освен 7те најголеми добивки од 700.000 денари, лозот нуди и 10 добивки од по 100.000 денари, 10 добивки од по 50.000 денари, 25  добивки од по 20.000 денари и 50 добивки од по 10.000 денари кои во случај на добивка се исплаќаат на благајната Државна лотарија на Македонија, како и бројни други парични добивки од 70 до 5.000 денари кои се исплаќаат на среќните места ширум Македонија.

Честитки до среќниот каменичанец и за добро нека ги троши парите! 🍀

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*