Започна летната турнеја на КУД „Гоце Делчев“

Делчевските играорци од Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ заминаа за Турција каде неделава ќе настапат на Меѓународниот фолклорен фестивал кој се одржува во градот „Јалова“. Овој настап, како што информираше кореографот Зенил Реџепов е прв од многубројните настапи кои летово ќе ги има друштвото во неколку балкански земји.
 
-Членовите на културно-уметничкото друштво веќе пристигнаа во Турција каде ги очекува настап на традиционалниот фестивал во Јалова. По враќањето од Турција, летната турнеја ја продолжуваме во градот Бургас, Р Бугарија, каде од средината до крајот на јули по единаесетти пат ќе учествуваме на фестивалот „Летни празници“. Таму, претходно ќе бидеме дел од проектот за лидерство, кој го спроведува здружението „Атанас Манчев“. На „Летните празници“ во Бургас, ќе настапиме со фолклорот препознатлив за пијанечкиот крај, како и со вокални исполнители на стари необработени изворни песни, информира Реџепов.
 
Додава, дека по овие гостувања во месец вгуст, членовите на КУД „Гоце Делчев“, ќе настапат на летната сцена „Јагодина“ во Србија, на Меѓународен фестивал на кој играорците од Делчево се редовни учесници.
 
По летната турнеја од КУД „Гоце Делчев“ ќе се фокусираат на организацијата на големата манифестaција Пијанечко-малешевската свада како и Интернационалницот фестивал „Делчево фест 2019„ фестивал кој по 43 пат го организира друштвото. Сите активности годинава, како што дополни Реџепов се реализираат во знак на одбележување на 45 годишното постоење на КУД „Гоце Делчев“, играорна група која е една од најреномираните македонски претставници на фолклорните фестивали во земјава и странство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*