Започна пријавувањето за вториот ноќен турнир во баскет во Делчево

Советот на млади на Општина Делчево и ова лето ќе организира ноќен турнир во баскет кој ќе се одржи кон во втората половина на овој месец. За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани екипи да се пријават за учество најдоцна до 15 јули.

Претседателот на Советот на млади, Никола Тренчевски, истакна дека повеќе детали во врска со организацијата на турнирот ќе бидат соопштени наредниве денови.

– По втор пат во Делчево се организира ноќен турнир во баскет. Лани успеавме да анимираме поголем број млади, имавме екипи од целата држава, вредни награди за најдобрите, а верувам дека оваа година, организациски ќе бидеме уште подобри. Нашата цел е да го збогатиме спортскиот и културниот живот на младите во Делчево во овој летен период, а организацијата на еден ваков турнир го дава сето тоа, дружење, натпреварување и забава за младите, рече Тренчевски.

Заинтересираните за учество во натпреварувачкиот дел, може да се пријават во архивата на Оптшина Делчево или лично кај претседателот на Советот на млади, Никола Тренчевски на тел. 077-741-294.

Во продолжение се потсетуваме како изгледаше турнирот минатата година.

Делчево сака спорт – Моменти од Баскет турнирот Делчево 2018

Posted by delcevo365.mk on Monday, August 20, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*