„Петрунија“ во трка за „ЛУКС“, награда за најдобар филм на Европскиот парламент

„Господ постои, името и е Петрунија“ со главна улога на нашата Зорица Нушева во режија на Теона Стругар Митевска е во конкуренција за наградата Лукс која ја доделува Европскиот парламент. Освен „Петрунија“ во конкуренција за оваа награда е и документарецот „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска.
 
Во трката за наградата има филмови и копродукции од Полска, Данска, Норвешка, Шведска, Белгија, Словенија, Србија, Грција, Франција, Велика Британија, Германија, Русија, Естонија и Шпанија, а официјалната селекција на наградата, која Европскиот парламент ја доделува како поддршка на европскиот филм, беше објавена вчера за време на Филмскиот фестивал во Карлови Вари. Жирито направи селекција од проекти со освежувачки размислувања, како и дебитантски филмови, документарци, режирани и од мажи и од жени, кои доаѓаат од секоја земја на континетот.
 
Од десетте филмови во официјална програма, три ќе учествуваат во натпреварот за наградата Лукс, кои ќе бидат селектирани и објавени на прес-конференција за време на Денови на авторите на 23 јули во Рим. Овие три филмови ќе бидат бидат преведени на 24 официјални јазици на Европската Унија и ќе бидат прикажани во сите 28 земји-членки за време на Деновите на Лукс. Наградата ќе биде доделена на 27 ноември.
 
„Господ постои, името ѝ е Петрунија“, е филм кој имаше светска премиера во конкуренцијата за Златна мечка на Берлинале, каде доби две награди од споредните жирија, во мај доби две награди на Филмскиот фестивал Деа во Тирана, за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога за Зорица Нушева. Филмот од 1 мај почна да се прикажува во 60 киносали низ Франција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*