Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд за Павловден во Виница

Откако минатата година направија спектакуларен концерт во Делчево, на 13 јули жителите на регионот ќе имаат нова можност да присуствуваат на концерт на неповторливиот Игор Џамбазов и Гури Харе Бенд.

Овој пат настанот е во организација на општина Виница, која за празникот на градот Павловден ќе ги почести граѓаните со концерт на плоштадот Ангел Винички.

Имајки предвид дека концертот на Џамбазов и Гуру Харе, беше еден од најпосетените настани минатата година во Делчево, нема сомнение дека и виничани и останатите кои ќе решат да го посетат овој настан, ги очекува луда и незаборавна журка.

Еве ја најавата за овој празничен настан во Виница на начин кој само Џамбазов знае да го смисли.

Posted by Opstina Vinica on Tuesday, July 2, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*