Новиот пешачки мост инфраструктурно се поврзува

Деновиве ќе започне изградбата на улицата која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка во Делчево. Согласно со проектот, како што информираат од општината, улицата во централното градско подрачје позната како Станбената улица 4, ќе биде со должина од 120 метри.

-На овој потег ќе се гради и тротоар, како и дел од Станебната улица 3 која се вкрстува со оваа улица со цел дополнителна пешачка и сообраќајна комуникација на стариот дел на градот со новиот дел од градот. Во овој инфраструктурен пакет е опфатено и крпењето на ударните дупки на коловозите во градското подрачје, како и во селата. Планирана површина за санација на коловозите е 800 м2, информираат од Општина Делчево.

Деновиве, како што додадоа, треба да започне и изградбата на дел од крак 2 во населбата Шумски расадник кој претставува крак од улицата „Орце Николов“, активности кои ќе се реализираат во должина од 50 метри.

Освен овие инфратсруктруни проекти, за тековната година, Општина Делчево има предвидено изградба на неколку улици во градот и населените места заедно со придружни објекти, за што има издвоено 8 милиони и 600 илјади денари од сопствениот буџет.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*