Прскање против комарци утре во Берово

За утре во Берово е најавена теристичка дезинсекција против инсекти. Со прскањето против комарци како што информираат од општината и овојпат ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, како и подрачјата по течението на реки и водотеци.
 
– На ден 3 јули.2019 година, во периодот од 22.30 до 03:00 часот во Берово ќе се спроведе теристичка дезинсекција, со цел уништување на возрасни комарци. Со оглед на тоа, дека, активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението во горенаведениот период да не излегува и да ги затвори своите прозори. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата, информираат од Општина Берово.
 
Третирањето против комарци, како што додаваат, ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, а ќе се применува соодветен препарат со активна супстанца Делтаметрин.
 
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Акцијата се реализира согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Берово, како општа противепидемиска мерка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*