Подарени 36 крвни единици денес во Делчево

Делчевските крводарители денес и покрај топлото време активно учествуваа во јулската крводарителска акција во која подарија вкупно 36 крвни единици. Акцијата, како што информираше Билјана Георгиевска, претседател на делчевскиот Црвен Крст се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

– Нашата општинска организација ја спроведе јулската акција за дарување крв која морам да признаам беше успешна со оглед на периодот кој е време на летни одмори. И покрај тоа а и со оглед на топлото време, собраните 36 крвни единици се солидна бројка за месец јули. Во акцијата подеднакво беа застапени машката и женската популација, а имаше и крводарители кои за прв пат подарија од животворната течност, истакна Георгиевска.

Додава дека следната крводарителска акција ќе се спроведе на почетокот на месец август.

Како што информираат од делчевскиот Црвен крст во наредниот периос планирана е и кеводарителска акција со крводарителите од општина Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*