Од гром изгоре куќа во село Косевица

Невремето кое што синоќа го зафати регионот на Македонска Каменица, проследено со електрични празнења, запали куќа во селото Косевица. Во пожарот кој избувнал интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, од каде велат дека за среќа при интервенцијата нема повредени.
 
-Веднаш интервениравме со теренско возило бидејки камион цистерна таму не можеше да излезе поради непрооден пат. Во акцијата на гаснење на пожарот учествуваа тројца пожарникари како и десетина луѓе од селото. Пожарот настанал како резултат од удар на гром, причинета е голема материјална штета. Едното лице што живееше во самата куќа е извлечено навреме и згрижено на безбедно место, информира Трајчевски.
 
Задача на пожарникарите била да се спасат помошните објекти каде што бил затворен добитокот, кои беа спасени, но за жал, како што додаде Трајчевски куќата изгорела до темел.
 
Според информациите од полицискиот билтен, увид за евентуални други причини за пожарот, ќе се врши во текот на денот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*