Берово се вклучи во програмата „Европа за граѓаните“

Како дел од проектот за градење мрежа со општини од 6 држави во Европа, преставници на општина Берово учествуваа на меѓународната конференција на тема „Социјални иновации како референтен модел и културно наследство”, која се одржа во Мелпињано, во италијанската област Апулија.
 
За Звонко Пекевски како прв човек на општина Берово која е директен партнер на Мрежата на EUsave, недостатокот на експертиза за управување со средтсвата, е она што ги спречува малите градови, целосно да го искористат својот потенцијал и средствата кои се нудат преку ваквите мрежи.
 
-Кога размислуваме за економски развој во малите и средните градови, културното наследство секогаш игра важна улога во секоја градска стратегија, особено во историските градови каде што валоризацијата на културното наследство останува една од најдобрите алатки за промовирање на социјалниот и економскиот развој. Меѓутоа, неколку фактори, како што се недостиг на финансирање, недостаток на експертиза за управување, ги спречуваат овие градови целосно да го искористат својот потенцијал, ограничувајќи го капацитетот за валоризирање на овие важни средства, истакна Пекевски.
Додаде дека учеството во овој проект за Општина Берово е од големо значење, најмногу заради промоција на своите туристички потенцијали.
 
Целта на EUsave мрежата е трасирање на транснационална стратегија за развој на туризмот преку обезбедување средства од COSME програмата на ЕУ.
Освен општина Берово, дел од оваа европска мрежа е и општина Струмица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*