Распишан конкурсот за општинската награда ,,7-ми Септември”

Општина Делчево го распиша конкурсот за општинската награда „7-ми Септември“, награда која локалната самоуправа ја доделува по повод ослободувањето на градот. Општинската награда, како што информираат од општината, се доделува на личности кои со својата работа дале посебен придонес во областа на спортот, здравствената заштита, образованието, филмската уметност и ликовната уметност.
 
– Целта е да се оддаде заслуга и почит на поединци или правни лица за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзината афирмација во Република Македонија и во светот, велат од општина Делчево.
 
Наградата се состои во плакета, а истата, како што додаваат од општина Делчево, ќе биде доделена на свеченост по повод ,,7 Септември” и паричен износ од 3 илјади денари.
 
Конкурсот трае 30 дена заклучно со 2 август оваа година, а средствата за наградата се обезбедени од Буџетот на општина Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*