На иницијатива на Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец”, а во соработка со вработените во општината и група млади волонтери од неколку здруженија, денес се спроведе работна еко-акција насловена ,,За поубаво и почисто Пехчево”. Акцијата, како што информираа од Општина Пехчево се спроведе на целата територија на градот.
– За жал, огромната фреквенција на несовесни луѓе зад себе остава огромни количини на отпад, кој не се одлага во соодветно поставените контејнери и корпи, туку останува расфрлан насекаде да лежи по зелените површини и водата. Со цел да го сочуваме природниот потенцијал бевме принудени да спроведеме акција за чистење на повеќе места, кои се познати како туристички локации. Акцијата се спроведе на целата територија на градот, а се собираше сметот од сите сообраќајници, тротоари, зелени површини и од оние локации каде фреквенцијата на луѓе е најголема, истакнаа од општината.

Вакви еко-акции, како што дополнија од локалната самоуправа се спроведоа и претходните неколку години.
Од општината истакнаа дека и понатаму ќе продолжат да работат на подобрување на хигиената во градот, при што апелираат на зголемена еколошка свест на граѓаните во насока на зачувување на животната средина во Пехчево.

Leave a Reply