При крај изградбата на Ловечка куќа на Голак

Привршуваат активностите за изградба на ловечката куќа на планината Голак. Како што информираше Драган Христов, претседател на Ловното друштво „Острец“ од Делчево, паузата за време на ловостојот, делчевските ловџии ја користат за изградба на ловечката куќа, која е дел од обврската по ловностопанска основа.
 
-Ловностопанска основа е документ во кој е наведено конкретно она со што располага секое ловиште како на пример, граници, релјеф, клима, видови на дивеч, колку прихрана се врши во текот на зимскиот период и колку отстрел е дозволен во тековната сезона. Како една од тие обврски е и ловната куќа, чија изградба е при крај. Истата се наоѓа во непосредна близина на местото „Бун чешма“ на планината Голак. Ловната куќа е еден вид ловотехнички објект и ќе послужи за дружење помеѓу ловџиите од нашиот крај. Морам да напоменам дека главен наш изведувач на работите околу изградбата на летниковецот, самата куќа и чешмата е на нашиот член Сашо Мановски – Југо, истакна Христов.
Со изградбата на ловната куќа, додава, делчевските ловџии ќе имаат сопствено катче за пречек и на гостите ловџии од повеќе ловни друштва од Македонија, како и на групи од Србија, со кои друштвото има одлична соработка.
 
Во периодот кога дивечот е во мирување, ловџиите ја планираат наредната сезона која започнува во октомври. Ловната куќата се гради со средства од Ловното друштво „Острец“, а во нејзината иградба активно учествувале триесетина ловџии од делчевскиот регион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*