Заврши изготвувањето на стратегијата за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево

Во Берово во рамки на дводневната работилница заврши изработката на стратегијата и акциските планови за родова еднаквост како дел од заедничкиот проект од кој е предвидено да произлезе заеднички документ за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево. Ова е прв ваков документ за трите општини, истакна координаторот на проектот Анита Цоневска.
 
-Со изработката на овој документ се предвидени областите човекови права, институционален развој и организациско јакнење на Комисиите за еднакви можности на општините, едукација на населението за родова еднаквост и партиципација во креирањето и имплементација на локални и јавни политики. Ова се четирите приоритетни области на делување опфатени со стратегијата, во чии рамки предвидна е реализација на девет проекти, истакна Цоневска.
 
Додаде дека останува уште финалната изработка на стратегијата која најверојатно по изборите ќе се најде на советите на трите општини.
 
Стратегијата и локалните ациски планови за родова еднаквост во општините Делчево, Берово и Пехчево е проект кој го имплементира невладината КХАМ од Делчево со финансиска поддршка од ЕУ, преку регрант од организацијата „Квина тил Квина“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*