
Започна во 2008 година и од тогаш до денес веќе 11 години секоја година традиционално се одржува во село Бигла. Станува збор за една посебна традиција за семејството Васеви од село Бигла кои и оваа година се подготвуваат за организирање на заедничката „Црвенџиска средба“ која на 9 август во таканареченото Црвенџиско маало ќе ги собере роднините, пријателите и гостите намерници на заедничка веселба и убаво македонско оро кое е карактеристично за ваквите средби. Иницијативата за оваа средба започнала како идеја на иселеникот Бошко Васев кој секогаш се гордеел на своето потекло и кој секогаш ја повторува приказната за неговата баба по која и семејството го добило прекарот.
-Прекарот „Црвенџии“ го носиме по нашата баба која кога играла на веселби што се организирале во селото се “руменеела” или што велиме ние „црвенеела“ во образите и така настанал прекарот „Црвенџии“. Јас како последен од нашето семејство кој е роден во с.Бигла, пред 10 години заедно со татко ми Зафир, ја започнавме традицијата на организирање еден убав настан кој го нарековме „Црвенџиска средба“. На 9 август сите роднини и пријатели сме овде, на сред Црвенџиско маало, да се видиме да се развеселиме. На средбата доаѓаат и многу други гости намерници кои секогаш се добредојдени. Но наша цел не е само средбата, ние тука на ова место во Бигла со татко ми ја реновиравме куќата и здравје боже, сакаме да ја присособиме и претвориме во еден комплекс што ќе биде на располагање на сите кои ќе сакаат еден вид селски туризам, вели иселеникот Васев.
За сето она што може да се очекува од средбата погледнете ја емисијата која ја направивме по одржувањето на минатогодишната јубилејна 10-та Црвенџиска средба.
Leave a Reply