Потпишан договор за изградба, уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница во Берово

Во Берово денес потпишан договорот за изградба уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница во Општина Берово. Како што информираше Драгица Здравева од Центарот за развој на Источно-планскиот регион, се работи за проект кој се финансира од националниот буџет на програмата за развој на планските региони преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

-Тоа се проекти коишто се финансирани за реализација во 2019 година. Од вкупно добиените 4 проекти, ова е прв проект за кој го потпишуваме договорот. Вкупниот буџет на проектот е скоро 7 милиони денари, од кои 6 милиони денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, додека 1 милион денари ќе бидат кофинансирани од Буџетот на општина Берово, истакна Здравева.

Почетокот на работите во врска со проектот, како што информираше беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, ќе започне на 15 јули оваа година.

-Овој проект за Општината ќе значи многу, бидејки со негова реализација ќе се уредат одредени пешачки патеки, со кои ќе се овозможи подобар пристап на луѓето и секако осветлување на тој дел од градот. Со ова сметаме дека ќе се збогати туристичката понуда, а секако ќе значи и нов инпут во развојот и стратешките определби на Берово, како препознатливо туристичко место, истакна Пекевски.

Партерното уредување на пешачките патеки и нивно осветлување, како што информираа од Општината ќе се реализира преку Источно-планскиот регион, додека вториот дел од проектот за доуредување на целото корито на река Брегалница во Берово, ќе се реализира преку заеднички проект со општина Струмјани, Р Бугарија.

Потпишан договорот за изградба уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница во Општина Берово

Потпишан договорот за изградба уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница во Општина Берово

Posted by delcevo365.mk on Monday, July 8, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*