Реализиран планинарски марш до ,,Спасева колиба”

Со цел избегнување на високите температура, неколку членови на ПСК ,,Голак” Делчево во текот на вчерашниот ден реализираа планинарски марш до ,,Спасева Колиба” која се наоѓа на 1038 метри надморска висина која се наоѓа на планината Влаина на самата граница со Р. Бугарија.

-Поминавме еден прекрасен, мирен и позитивен ден со тргнување од село Габрово кое се наоѓа на 659 метри надморска висина, потоа продолживме кон месностите Караула на 757 метри надморска висина,  Бела Вода на 934 метри надморска висина, Синанова Чука на 1052 метри надморска висина, па се до Спасева Колиба на 1038 метри надморска висина, информираше претседателот на ПСК ,,Голак”, Љупчо Чучуковски.

Додаде дека маршот поминал без проблеми, по сончево време и одлични услови за планинарење.

Од друштвото додадоа дека со вакви и слични активности ќе продолжат и во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*