Берово подготвено за летната туристичка сезона

Беровчани полека се подготвуваат за напливот на туристи, кои најчесто доаѓаат во Берово во летниот период. Чистиот воздух и убавата недопрена природа во комбинација со органската храна и неколкуте манифестации кои се организираат во текот на летото, се најсилните адути на Берово и годинава градот да има исполнето лето, кога е во прашање летниот туризам. Како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, со организирање на Етно-фестивалот локалната самоуправа е подготвена да помогне во збогатувањето на летната туристичка понуда во градот.
 
-Како секоја сезона и во претстојната летна туристичка сезона очекуваме зголемен број на гости. Во таа насока го подготвуваме Етно плоштад фестивалот, во чии рамки е предвидена богата културно-уметничка програма. Фестивалот ќе се одржи од 23 до 28 август оваа година и сметаме дека преку него, ќе одговориме на барањата на сите љубители на музиката, која ќе ја презентираме и преку етно саемот „Малешевијата на дланка“ со што очекуваме да овозможиме зголемена туристичка понуда, која ќе привлече зголемен број на гости, а на тој начин ќе продолжи афирмацијата на Берово како препознатливо туристичко место во државата и пошироко, истакна Пекевски.
Зголемениот прилив на туристи како што истакнаа анкетираните веќе се чувствува особено за време на викендите.
 
– Берово традиционално е познато како место каде граѓаните претежно од главниот град доаѓаат овде да се засолнат од високите температури, така што најчесто ги користат викендичките кои се издаваат по реалтивно пристапни цени. Во центарот на градот, се забележува присуство и на гости од Бугарија кои почесто можат да се забележат во последно време, така што Берово полека го чувствува тој зголемен наплив од туристи, вели граѓанка на Берово.

Меѓу главните гости на Етно плоштад фестивалот во Берово засега се потврдени виртуозите на македонската музика Горан Алачки и Влатко Стефановски, додека како што велат од општината до крајот на неделата ќе бидат потврдени и останатите учесници.

Берово подготвено за летната туристичка сезона

Берово подготвено за летната туристичка сезона

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, July 9, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*