Беровскиот регион на мета на туристи од Малта

Туристи од Малта деновиве престојуваа во прва посета на Брегалничкиот регион. Групата туристи најпрвин го посети беровскиот регион, каде се реализираше и планинарски марш по Малешевските планини. Како што информираше планинарскиот водич Љупчо Чучуковски, се работи за љубители на убавата природа кои во претходен заеднички договор изразиле желба, ова лето да организираат туристичка тура во Брегалничкиот регион.
 
-Заедно со гостите од Малта реализиравме планинарска акција по Малешевските планини, бидејки тоа е и моја обврска како планинарски водич, а тоа е развивање на туризмот и планинарството во Пијанец и Малеш. Потоа го посетиме Берово, манастирот Св. Архангел Михаил, имавме прошетка по Беровското езеро, ја посетивме познатата месност Клепало, како и неколкуте комплекси околу езерото. Гостите задоволни од она што го видоа, ветија дека ќе се обидат ова искуство да им го пренесат и на други туристи, кои би го посетиле овој крај од државата, истакна Чучуковски.
 
За туристите беше вистинско доживување да се видат пределите во Малешевијата.
 
– Водичот ни помогна да се искачиме на планините. Потоа имавме можност да пробаме од овдешната храна и навистина ни се допадна. Навистина имавме едно интересно доживување, дознавме многу информации за овој регион и ветуваме дека заедно со други гости повторно ќе дојдеме, истакна туристката Тања од Малта.
 

Берово е позната туристичка дестинација меѓу странските туристи. Освен туристите од Малта во два наврати досега беровскиот регион досега го посетиле и организирана група туристи од Франција и Холандија.

ПРВА ПОСЕТА НА ТУРИСТИ ОД МАЛТА НА БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

ПРВА ПОСЕТА НА ТУРИСТИ ОД МАЛТА НА БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

Posted by delcevo365.mk on Thursday, July 11, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*