Оваа кристално чиста вода од еден од еколошки најчистите региони во светот има одличен баланс на минерали кој придонесува за нејзината pH вредност од 7,6. МaYa е недопрена од човечка рака и го задржува тоа својство низ целиот процес од извирањето, полнењето, пакувањето, сѐ додека првпат не се отвори капачето. Низ целиот процес додека водата MaYa од изворот стигне до потрошувачите, врз неа не се вршат никакви интервенции, така што консументите добиваат чиста, планинска, природно филтрирана вода.
Совршената pH вредност ја прави MaYa идеален избор за сите што се грижат за своето здравје и за здравјето на своите најблиски.


Зошто количината на минерали во водата за пиење е толку значајна? Бидејќи односот на минералите го одредува нејзиниот карактеристичен вкус. Во различни населени места, градови, планини и сл., водите содржат минерали во различен сооднос, поради што имаат различен вкус. Но, балансот на минералите има големо влијание и врз pH вредноста на водата. Природната pH вредност на човечкото тело изнесува 7,4, вредност со која телото најефикасно функционира. Доколку во одредени ситуации таа вредност се помести многу нагоре или надолу, настанува дисбаланс во организмот кој значително може да се одрази врз здравствената состојба. Меѓу другото, може да доведе до зголемување на телесната тежина, намален имунитет и поголема изложеност на болести, намалена апсорпција на хранливите материи и сл.


Leave a Reply