Концерти на локални бендови и уметници во Делчево

Делчевци ќе имаат можност да уживаат во музиката интерпретирана од бендови кои работат во Делчево во рамките на двете музички вечери посветени на оркестри и музички групи, а со цел нивна афирмација.

Во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Општина Делчево на летната сцена ќе настапат познати локални бендови: „Универзал бенд“, Дуо Чарли и Кире Мароко и „Рефреш“. Концертот ќе се одржи среда на 17.07 2019 со почеток во 20, 30 минути, додека наредната вечер, четврток во киносалата познатиот делчевски композитор Дејан Ѕене и Елена ќе приредат убава несекојдневна романтична вечер.

Проектот е поддржан од Министерството за култура

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*