Најдобрите 10 матуранти од делчевската гимназија денеска заминаа на патување низ Европа како награда за постигнатиот успех обезбедена од Општина Делчево. Наградените ученици од СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево ќе престојуваат 14 дена во Европа, односно нивното патување е на релација: Скопје-Венеција-Лаго ди Гарда-Монако-Монте Карло-Лорет Де Мар-Барселона – Кан-Милано-Скопје, од кои 7 дена ќе бидат во Лорет Де Мар Шпанија.
Економски оператор кој го изведува наградното патување е ДТПУ„Вардар Експрес Травел“ Доо Скопје, а Општина Делчево за таа намена во Буџетот издвои околу 300.000 денари.
Инаку, Општина Делчево традиционално ја доделува оваа награда на најдобрите 10 матуранти, а целта е да се поттикнат учениците да постигнуваат одлични резултати во текот на нивното школување, но и да останат да се школуваат во делчевскиот средношколски центар.
Leave a Reply