Линиски превоз на патници за 18 релации во Делчево

Општина Делчево го распиша огласот за доделување линии за вршење општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Делчево со кој се предвидени 18 релации и тоа: 
 
Линија бр.1:  ДЕЛЧЕВО – с.ГАБРОВО
 
Линија бр.2: ДЕЛЧЕВО – с.ЅВЕГОР
 
Линија бр.3:  ДЕЛЧЕВО – с.СТАМЕР
 
Линија бр.4: ДЕЛЧЕВО – с.ГРАД
 
Линија бр.5: ДЕЛЧЕВО – с.ВИРЧЕ
 
Линија бр.6: ДЕЛЧЕВО – с.ТРАБОТИВИШТЕ
 
Линија бр.7: ДЕЛЧЕВО – с.СТАР ИСТЕВНИК – с.НОВ ИСТЕВНИК
 
Линија бр.8: ДЕЛЧЕВО – с.РАЗЛОВЦИ
 
Линија бр.9: ДЕЛЧЕВО – ГОЛАК (сабота и недела)
 
Линија бр.10: ДЕЛЧЕВО – с.БИГЛА – с.ИЛИОВО –  с.ТУРИЈА
 
Линија бр.11: ДЕЛЧЕВО – с.ОЧИПАЛА – с.ДРАМЧЕ
 
Линија бр.12: ДЕЛЧЕВО – с.ВЕТРЕН – с.КИСЕЛИЦА
 
Линија бр.13: ДЕЛЧЕВО – ГРАНИЧЕН ПРЕМИН „ДЕЛЧЕВО“
 
Линија бр.14: ДЕЛЧЕВО – ЧИФЛИК
 
Линија бр.15: ВИРЧЕ – ГРАД – СТАМЕР – ДЕЛЧЕВО
 
Линија бр.16: БИГЛА (Крзно и стара школа) – ИЛИОВО (Марковска маала и Витановска маала) – ДРАМЧЕ (Димовска маала) – ДЕЛЧЕВО
 
Линија бр.17: ДЕЛЧЕВО – СТАМЕР – ГРАД – ТРАБОТИВИТЕ – РАЗЛОВЦИ
 
Линија бр.18: ОЧИПАЛА – ВЕТРЕН – ПОЛЕТО –ДЕЛЧЕВО
 
Согласно со објавениот Оглас, превозот ќе се врши со патнички моторни возила од минимум (8+1) седиште, а линиите ќе се одржуваат секој ден со најмалку две тргнувања кои се одредуваат со возен ред, или во одредени денови во неделата.
 
Возниот ред го предлага превозникот при што е должен да ги има предвид барањата и потребите на граѓаните, месните заедници, претпријатијата и другите органи. Тарифата за превозот е определена од Советот на општина Делчево. На Огласот може да аплицираат превозници кои имаат добиено лиценца за вршење општински линиски превоз на патници од Општина Делчево. Рок за поднесување на барањата е 10 дена, односно до 1 август 2019 г.  
 
Заинтересираните превозници потребната документација треба да ја достават до архивата во ЕЛС Делчево со назнака „Пријава за оглас за доделување линии за вршење општински линиски превоз на патници“.
 
Линк до јавниот оглас: ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*