Делчевските ракометни екипи ги започнаа подготовките за наредната сезона

Ракометните екипи од Делчево ги започнаа подготовките за следната сезона. Женската екипа на РК „Делчево“ интензивно се подготвува за настап на првиот „Феникс Куп“ – меѓународен турнир во ракомет во женска конкуренција кој на почетокот на идниот месец ќе се одржи во Битола. Подготовките за ракометарите како што известија од РК „Делчево“ официјално започнуваат на 5 август 2019 година.

-Ги известуваме сите екипи кои се натпреваруваат во РФМ дека со тренинзи ќе започнеме на 05.08.2019. Ќе се одржи заеднички состанок со машката и женските екипи со почеток во 09.00 ч.во Спортската сала Ванчо Прке. Присуството е задолжително, велат од РК „Делчево“.

Како што додаваат од РК „Делчево“, вратите на клубот се отворени за сите млади љубители на ракометот кои сакаат да навлезат во тајните на овој спорт. Еве ја најавата за учество на екипата од Делчево на овој турнир.

fenikscup.com

Posted by Feniks Cup on Wednesday, July 24, 2019

Уписот на нови членови на 1 август го започнува и екипата на РК „Брегалница плус“, која подготовките, како што информираат од клубот ќе ги започне на почетокот на август.

-Минатат сезона екипата на РК „Брегалница плус“ го имаше своето прво учество во женската кадетска лига, а годинава ќе продолжиме со тие настапи од кои очекуваме подобри резултати. Подготовките започнуваат на први август, очекуваме нови членови и многу дружба и спорт во наредниот период, велат од стручниот штаб на РК „Брегалница плус“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*