Езерото Сандански доби возен парк

Езерото Сандански од денес е со свој возен парк. Два глисери отсега, па во иднина ќе им бидат на располагање на посетителите на комплексот „Езеро Сандански“, кои ќе можат да ги користат како за возење по езерото, така и за ловење риба. Иницијативата езерото „Сандански“ да добие возен парк е на иселеникот Душко Ангеловски-Жаре кој рече дека чамците ќе бидат своевидна атракција за посетителите.

-Станува збор за две возила, првото е чамец „Сафир“ кој е наменет за шест луѓе, два метри е широк, а долг шест метри. Возилото е од швајцарско поризводство и е наменет за слатки води, како што е езерото Сандански. Има уште еден чамец „Дизел“, кој исто така денес ќе го ставиме во функција, вели Ангеловски.

Водните превозни средства се составен дел од работата на Ангеловски во Швајцарија, а за него ќе биде особено значајно што овие возила, покрај тоа  што ќе можат да се користат од страна на посетителите, ќе можат со нив да се запознаат и децата од училиштата во Делчево.

-Во Делчево, децата немаат прилика да се запознаат со вакво превозно средство и за тоа сметам дека ќе биде корисно особено учениците да се запознаат со поимот чамец, глисер и слично, додава Ангеловски.

Езерскиот комплекс Сандански кој е познат по тоа што во него од самото отворање живеат животни кои не се карактеристични за ова подрачје како на пример, ној, лама и слично, со возниот парк уште повеќе ги збогатува содржините и прераснува во место кое и понатаму ќе биде меѓу најпосетените излетнички места  особено за викенди.

Езерото Сандански доби возен парк

Езерото Сандански доби возен парк

Posted by delcevo365.mk on Saturday, July 27, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*