Се е подготвено за Владимирските Илинденски средби

Седма година по ред од 01-04 август 2019, во беровско Владимирово ќе се одржат традиционалните „Владимирски Илинденски средби“. Како што истакна еден од организаторите, Бранко Ужевски, целта на средбите е зачувување на традицијата преку враќање на иселениците во родните огништа за празникот „Илинден“.

-Оваа година се 7-те „Владимирски Илиндендски Средби“. Овие средби имаат за цел да ги вратат нашите граѓани, да ги видат своите огништа. Нашата цел е тоа, меѓутоа нашите генерации поретко се враќаат. Со овој настан имаме за цел да ги зближиме, бидејки први братучеди меѓусебе не се познаваат. Нашето мото е: Ладимерци, за Илинден дека и да сте, дома да сте“. Пред се оваа манифестација ја правиме за нашите иселеници, но сме посетени поради нашата традиција не посетуваат од сите населени места од Малешевијата, но и Штип, Скопје и од други градови, изјавува Ужевски.

Според Ужевски, ако се земе предвид бројот на иселени жители,  надвор по светот според тоа од каде потекнуваат, има уште две села како Владимирово.

-Ако во 1951 година селото броело 2000 жители, сега бројката на жители со постојано место на живеење во Владимирово е некаде од 500 до 550 жители. Што се однесува за самиот настан, Владимирските Илинденски средби започнуваат во четврток на 1 август, специјален гостин тогаш ни е Јордан Митев. На 2 август, на самиот ден „Илинден“, имаме традиционален Илинденски ручек. На 3 август во рамки на активностите заминуваме на планината Готен каде е одржана Готенската битка или меѓу народот позната како „Готенско муарабе“. Трета година како се организираме за посетата на Готен. Оваа година таму ја обновивме и Чаушова чешма, на која ќе вршиме осветување, така што ги покануваме сите гости да дојдат на тој настан. Во недела се спортските натпревари, а Владимирските Илинденски Средби завршуваат со игранка за сите млади со настап на естрадната уметничка Жаклина Коловска, вели Ужевски.

Со општина Берово додава здружението „Владимирски Илинденски Средби“ има добра соработка, но со  проблемот во Владимирово како и во сите села во Македонија е тоа што младите заминуваат за странство, нема млад човек кој не заминува за странство. Тие што се враќаат, се враќаат само за Илинден.

Еден од повозрасните жители на Владимирово кој вели дека ќе остане во делото додека е жив е и учителот во пензија Царовски Благој. Тој на шега вели дека во Владимирово дојде такво време што ако сакаш да прошеташ „гол“ нема кој да те види.

-Што да ви кажам за Владимирово. Појака и поголема традиција од „Владимирските Илинденски Средби“ мислам дека не постои во друга населба во Берово. И по однос на прослави и по однос на работење, вредно работно население, своевремено со голем број на жители, но во последно време често пати така да се изразам можеш „гол да одиш“, но никој да не те види во селото, вели Царовски.

Жителите вели се враќаат, но само за прослави.

-Селото треб ада биде полно, површините треба да бидат обработени, но млада генерација почна да нема, така да постепено и постепено замрува животот во селото. Основна дејност овде е парцелисано земјоделие и сточарство, минимално така речено. Претежно сточарството е шталско, бидејки на никој веќе не му се оди на отворен простор, така што оној кој одгледува некоја крава и неколку стада на овци постојат, тоа го прави, но претежно во штала, додава Царовски.

Царовски се наврати и на времето кога во периодот од 1940 до 1960 година, Владимирово било полно со деца. Селото во брзо време не може да биде она што било, додава, но времињата вели се може да донесат.

-Генерацијата од 1945 до 1950 во училиштето кое се наоѓаше пред сегашното ново училиште броеше од 300 до 320 ученици, а сега од прво до 4 одделение се сосем мал број ученици. За кратко време да се мисли дека ќе се наполни селото е утопија така кажано, но времињата се може да донесат, они како донеле да се раситнат, така можат да донесат да се поврати животот во селото, меѓутоа нека остане на времето.

Владимирци со радост очекуваме Илинден да дојде, нашите што се иселени сите ќе дојдат сигурно, и така, вели „стариот“ владимирец Љупчо Стамболиски.

-Тоа е една традиција, неколку години што се надеваме ќе продолжи, се надеваме ќе продолжи, да се видиме сите, да се развеселиме и тоа е, вели Стамболиски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*