Интервју: Пред почетокот на 8 издание на „До Зора 2019“

Се е подготвено 8 издание на фестивалот на електронска музика „До Зора“ иницијатива која започна во 2012 во село Истевник. За таа цел направивме кратко интервју со тимот на „До Зора“, кои ги прават последните подготовки за уште едно успешно издание на фестивалот.

delcevo365.mk: Да повториме, која е идејата на „До Зора“ и зошто повторно Истевник, најверојатно затоа што пред 8 години таму се почна?

Тим „До Зора“: Она што всушност е основна идеја на „До Зора“ е да се избегне од секојдневието,од градската средина. Оваа година се враќаме во Истевник, претходните години бевме на градскиот базен, но сметаме дека фестивалот како база треба да остане во Истевник и фестивалот од година во година да го надоградуваме со повеќе збогатени активности.

delcevo365.mk: Кој се ќе настапи на 3 август годинава на „До Зора“?

Тим „До Зора“: Главни гости годинава се диџеи од Романија, Србија и останатите се од Македонија. Главна ѕвезда на вечерта е Атма Оливер, кој слави 20 години од почетокот на својата музичка кариера. Исто така имаме гостин од Нови Сад, се работи за музичар кој од млади години свири на виолина и кој вметнува елементи во живо од виолина во рамки на електронските сетови.

delcevo365.mk: Технички дали е се подготвено?

Тим „До Зора“: По приклучувањето на струјата во петок ќе имаме генерална проба, озвучувањето ќе биде наместено, па кој сака може да дојде и да ѕирне како ќе изгледа сето тоа.

delcevo365.mk: На настанот објавен на фејсбук може да се забележи дека ќе имате гости од сите краишта на Македонија, како сте организирани со превоз од Делчево до Истевник?

Тим „До Зора“: Ќе имаме организирано превоз, од Делчево ќе има три или четири тури што ќе се направат, на пример првата ќе почне од 22 часот до 1 часот и потоа сабајле од 5 часот наутро до 8 часот.

delcevo365.mk: Порака до младите кои се двоумат дали да дојдат?

Тим „До Зора“:  Дојдете да видите нешто несекојдневно, значи убавое е да се види и да се присуствува на таков настан во Делчево, па се надеваме догодина да биде уште подобро.

Освен споменатите учесници меѓу останатите музички имиња кои ќе настапат на „До Зора“ се Селестиал Интелиџенс, Кецман, Ониро, Морфера и многу други кои им се познати на љубителите на електронската музика.
Фестивалот на електронска музика „До Зора“ ќе се одржи на 3 август оваа година, а журката започнува во 18 часот.

Повеќе за настанот на официјалната фејсбук страна ДО ЗОРА 2019

<3

Posted by Do Zora „До Зора“ Delcevo on Monday, July 22, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*