Црвен крст Делчево и делчевските пожарникари реализираа освежителни курсеви по прва помош

Во организација на Општинската организација на Црвен крст во Делчево се реализираа активностите како дел од кампањата „Твоето незнаење чини живот“. Кампањата како што информираше Билјана Георгиевска, претседател на Општинската организација на Црвениот крст од Делчево има за цел да се освежи знаењето за укажување прва помош кај оние лица кои се веќе возачи.

-Во рамки на овие активности имавме заедничко повторување на знаењето со вработените во Територијалната противпожарна единица од Делчево, при што заедно со пожарникарите го освеживме нашето знаење и се запознавме со најчестите повреди кои се случуваат најчесто при сообраќајни незгоди. Притоа заеднички демонстриравме дел од повредите, заеднички, скршеници, повреди, срцево и белодробно оживување, рани и повреди на рбетен столб, изјави Геогиевска.

За самите пожарникари од особено повторувањето на знаењето од оваа област е од особено значење, бидејки при повреди во сообраќајн инесреќи, пожарникарите се меѓу првите кои излегуваат на терен.

-Оваа кампања за нас како вработени во Територијалната противпожарна единица е одлична бидејки, освен што можеме да ги повториме знаењата во делот на укажување прва помош, во разговор со екипата на Црвен крст можеме да ги разјасниме и сите нејаснотии кои ги имаме во однос на укажувањето на некои повреди за кои е потребна исклучителна внимателност при укажувањето помош на повредени. Остануваме и понатаму отвпрени за секоја понатамошна ваква активност која е добредојдена за секого, истакнаа од ТППЕ Делчево.

Како дел од кампањата „Твоето незнаење чини живот“ која започна во месец јули, освен со пожарникарите вакви освежителни курсеви се одржуваат и со вработени во други институции како и со граѓани возачи кои веќе го положиле курсот по прва помош.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*