Иселениците од делчевско Габрово синоќа ја одржаа најавената хуманитарна забава која имаше за цел да се соберат средства за доизградба на внатрешниот дел на црквата свети Великомаченик Димитриј. Зора Димитровска, иселеник во швајцарија која е главниот иницијатор 4 години по ред да се одржуваат вакви хуманитарни средби, истакна дека средствата ќе бидат наменети за неколку фрески кои недостасуваат во црквата.
-По 4-ти пат ја организираме оваа хуманитарна забава. Има уште фрески за довршување и затоа целта на забава е да ги собереме потребните средства. Многу донатрои имаме. Народот особено селото цела година ја чека оваа забава. ќе продолѓиме да ја правиме оваа забава и наредните години да ја доградиме нашата црква, а оние средства што ќе останат ќе ги намениме за луѓе на кои им е потребна помош, вели Димитровска.

Црквата е започната во 2005 година кога е формиран одборот, а на 4 август ќе биде осветена од страна на владиката Иларион.
-Камбаната веќе ја поставивме и кога прв пат чукна нашето звоно, доста народ се расплака. Сега во недела ќе се почувствува дека Габрово е христијанско село. Со божја сила и дарба, хуманоста везе во нашиот дух и не упати на овој пат да ја довршиме и се надеваме дека во црквата ќе има многу венчавки и крштевки, додава Димитровска.
Димитровска ги покани сите граѓани од Габрово, Делчево и поблиската околина во недела да присуствуваат на црковниот чин на осветување на црквата која долги години габровци ја чекаат.
Хуманитарна забава за доизградба на црквата свети Димитриј во село Габрово
Хуманитарна забава за доизградба на црквата свети Димитриј во село Габрово
Posted by delcevo365.mk on Thursday, August 1, 2019
Иселениците од Габрово ја играат Циганчица
Иселениците од Габрово ја играат Циганчица
Posted by delcevo365.mk on Thursday, August 1, 2019
Leave a Reply