Концерт на Даниела Мартиновиќ во рамки на ,,Делчевско лето 2019″

Уште само 3 дена до спектакуларниот концерт на балканската ѕвезда Данијела Мартиновиќ, поранешна пејачка на групата Магазин со еден од најбогатите репертоари на хитови за помладата и повозрасната генерација.

На 9 август, на летната сцена во градскиот парк во Делчево, пред настапот на Даниела, атмосферата ќе ја загреат девојките од „Дикато-бенд“, рок групата „Троја бенд“ како и делчевците „The Jokers“.

Традиционално, ноќта спроти верскиот празник Св. Пантелејмон, на 8 август, на летната сцена на Голак и во партнерство со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, ќе се одржат меѓународните „Голачки фолклорни средби“.

Промо видео 🎥Делчевско лето 2019! 🎆

Posted by Општина Делчево/Municipality of Delcevo on Friday, July 26, 2019

„Да ја поддржиме приказната за Делчево“ со тоа што масовно, исто како и минатата година ќе ја наполниме летната сцена во паркот во Делчево.

Ова е втор пат концерт од поголеми размери да се случува во Делчево. Минатата година концертот на Игор Џамбазов и бендот на Гуру Харе, како и настапот на групата „Шекспир“ го проследија илјадници гости од Делчево и регионот.

Концертот на Данијела Мартиновиќ, е во организација на Оштина Делчево и бизнис секторот.

Спектакуларен концерт на Данијела Мартиновиќ во Делчево!🗓 9 август📍 Летна сцена Делчево🕘 21 часот

Posted by Горан Трајковски – Градоначалник на Општина Делчево on Wednesday, July 31, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*