Во прекин водоснабдувањето на повисоките места во Делчево. Се работи на решавање на проблемот

Повисоките места во Делчево од синоќа се без вода за пиење. Според информациите на одговорното лице од Јавното претпријатое за комунална дејност Брегалница, Фердо Ристовски, се работи за сеуште неутврден дефект поради кој се јавува загуба на протокот на вода.

-Поради дефект кој не може со сигурност да се каже под какви околности настанал, повисоките места во градот Делчево се без вода за пиење. Нашите екипи работат ги прават сите напори да се утврди точната причина на дефектот, по што ќе се пристапи и на негово решавање. Апелираме на стрпливост до граѓаните до решавањето на овој проблем и отстранувањето на дефектот, а исто така и до оние корисници кои имаат вода за пиење истата рационално да ја користат, инфомира Ристовски.

Како што додаваат од претпријатието, ова лето прв пат се случува дефект од ваков обем поради кој по повисоките места подолго време се без вода за пиење.

Деновиве како резултат на активностите на претпријатието за обезбедување чиста вода за пиење за жителите на Делчево и околните места, по подолго време, кварцниот песок и активниот јаглен во пумпната станица во село Тработивиште беше заменет со нов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*