Концерт за паметење на Данијела Мартиновиќ во Делчево

Илјадници посетители синоќа го проследија концертот на хрватската ѕвезда Данијела Мартиновиќ која пред помладата и повозрасната генерација потсети на хитовите на Магазин во која своевремено беше вокал, како и песните кои ја одбележаа нејзината кариера.

Мартиновиќ имаше средба со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, на која тој ја запозна со спецификите на Делчево, потенцијалите за развој и заложбите на Општина Делчево со добра промоција, Делчево да излезе од анонимноста и да се промовира како сакана туристичка дестинација.

-Задоволство ми е што имам можност да го посетам Делчево, каде имам многу обожаватели. Ова за мене е вечер за паметење, бидејки за прв пат сум овде, истакна Мартиновиќ.

Пред концертот на Мартиновиќ како дел од Делчевско лето 2019 настапија групите Дикато и Троја бенд, како и делчевците ,,The Jokers”.

Концертот на Данијела Мартиновиќ, Општина Делчево го организираше во соработка со бизнис-секторот.

Од концертот на Данијела Мартиновиќ – „Како што е таа чаша, полна со вино“

Posted by delcevo365.mk on Saturday, August 10, 2019

Од настапот на Данијела Мартиновиќ – „Хајде да лудујемо ове ночи“

Posted by delcevo365.mk on Saturday, August 10, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*