Заврши вториот турнир во кошарка „Берово Streetball 2019“

Со одигрување на финалните натпревари, во Берово заврши спортскиот настан „Берово Streetball 2019“. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 60 илјади денари, а првото место и наградата од 30 илјади денари и припадна на екипата на Биоплант од Скопје која со резултат 15:8 беше подобра од екипата „Дружината на Вацко“ од Кочани. Доделувајки им ги наградите на најдобрите три екипи како и на МВП играчот на турнирот, беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, најави уште подобар турнир во иднина.
 
– Ова е спортски настан кој второ лето го очекуваат беровчани, организацијата е благодарение на ентузијасти, поранешни спортски работници кои го подигнаа и квалитетот на натпреварите и секако бројот на екипи кои учествуваа. Се надевам дека со секоја наредна година организацијата ќе биде што подобра, а со тоа спортскиот дух во општина Берово ќе јакне, истакна Пекевски.
Наградата за најдобар кошаркар на турнирот му припадна на поранешниот репрезентативец Марко Дујковиќ. Неговиот колега Ванчо Зрнцев кој освен што е член е и спонзор на екипата на „Биоплант“, за кажа дека, екипа која двапати победува за две недели е добра екипа.
 
-Победивме пред 10 дена во Делчево, еве сега и овде но морам да признаам дека малку појака конкуренција имаше овде во Берово. Но покажавме дека сме добра екипа со тоа што повторно победивме, кажа Зрнцев.
Третото место на „Берово Streetball 2019“ и припадна на екипата на Балкан Шпед од Кавадарци која во малото финале беше подобра од домашната екипа „Кеки“ од Берово.
Во очекување на видео материјал со изјавите од учесниците во финалето погледнете го финалниот натпревар помеѓу „Биоплант“ и „Дружината на Вацко“

Изјави од организаторите и учесници на „Berovo Streetball 2019“

„Berovo Streetball 2019“ – Изјави од организаторот и од учесниците во четвртфиналните натпревари

Posted by delcevo365.mk on Saturday, August 10, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*