Анета Мицевска и Молика на 15-тата Расадничка вечер во Делчево

Во Делчево продолжува традицијата на организирање иселенички средби. Во четврток, 15 август, иселениците од делчевската населба по 15-ти пат ја организираат таканаречената ,,Расадничка вечер”. Иницијативата за оваа средба ја започнаа четворица иселеници ентузијасти, чија првична идеја како била месец август да биде период кога сите од Расадник ќе се собираат во родните огништа.

-Лека полека дојдовме и до 15-тото издание на оваа средба која во меѓувреме прерасна во музичка манифестација бидејки секоја година различен естраден уметник е задолжен за забавата. Луѓето од Расадник кои останаа да живеат во Делчево со душа и срце го чекаат денот да си дојдеме, да се собереме и заеднички да заиграме потсетувајки се на минатите времиња, истакнаа дел од организаторите.

Честа да ги забавува расадничани годинава и припадна на Анета Мицевска и група Молика.

-Тоа ќе биде еден вид подарок за нашите сограѓани кои секогаш се радуваат на добрата музика проследена со скара и пиво, додаваат делчевските иселеници од Расадник.

Организаторите се во план во наредниот период да воведат додатни содржини во рамки на вечерта меѓу кои и избор за најуспешен иселеник кој потекнува од Расадник како и иселеник со најдолг стаж во странство.

Според слободна проценка Расадник е населба со најголем број иселеници во странство. Се смета дека дамо во последните 10 години над 500 луѓе својот леб го заработуваат во странство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*