Настрада една од најстарите птици во Делчево

Настрада еден од најстарите штркови кој секое лето го краси големото гнездо над градската пошта во Делчево. Откако пред неколку дена работници кои работат на изградба на новиот пешачки мост ја забележале повредената птица, истата веднаш била прегледана од страна на ветеринар. Според ветеринарот Николчо Стојменовски кој ја направи хируршката интервенција штркот имал тешка повреда на левото крило.
 
-На повик на лицето Душко Чапевски, вработен во општина Делчево,  штркот го згриживме и веднаш пристапивме кон санација на повредата. Беше забележлива отворена рана под крилото на недолжната птица, по што следуваше нашата интервенција. Птицата потоа ја сместивме во стационар во ветеринарната станица „Здравје“ каде остана да се опоравува, информира Стоименовски.
Ветеринар Николчо Стоименовски; Фото: Д.Чапевски
Ветеринар Николчо Стоименовски; Фото: Д.Чапевски
По воспоставениот контакт со ветеринарната станица Здравје, добивме информација дека повредата сепак била кобна по животот на најстариот штрк во Делчево.
 
-За жал штркот им подлегна на повредите, иако хируршката интервенција беше беспрекорно изведена, сепак повредата на крилото на недолжната птица беше од поголем обем, така што неговиот живот згасна прерано, информираше ветеринарот Слободан Димитровски.
Фото: Д.Чапевски
Во Делчево како и по целата долина на река Брегалница, штрковите се доста забележлива појава. Што се однесува до гнездото направено од штркови над градската пошта во Делчево, по она во Чешиново-Облешево е едно од најголемите направено од птица во Источна Македонија.
 
Секоја чест за гестот на делчевските ветеринари кои направија се за животот на една недолжна птица да биде спасен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*