Се е подготвено за 15-тата иселеничка средба во делчевски Расадник, настан кој во 2005 година започна да се организира од страна на група иселеници и од тогаш до денес, како што вели иселеникот Зоран Михаилов е ден кој жителите на Расадник со нетрпение го очекуваат.
-Јас сум веќе 28 години во Италија и овој пат имаме мал јубилеј. Целта на овој настан е сите повторно да се собереме со нашите сограѓани. Почнавме на 15 август и затоа секоја година на тој датум секоја година повторно се собираме сите иселеници од Германија, Швајцарија, Италија и други земји. Расадничката вечер започнавме спонтано да ја организираме и еве од година во година е се помасовна, вели Михаилов.

Наташа Ѓорѓиевска која е повеќе од 20 години е иселеник во Италија, вели дека вакви средби се организираат и во Италија.
-Иако и таму ги организираме, но поретко сепак убаво е да се вратиме во родното место, во нашата држава. Задоволни сме, тука сме среќни и весели, дома секогаш си е дома. Благодарност до општината кој ни помогна да го организираме овој настан кој е јубилеен, вели Ѓорѓиевска.

Расадник според жители кои живеат во населбата брои околу 1000 жители од кои најголем дел се наоѓаат во Италија.
-Во Расадник луѓето се населени после 1970 година,моментално според моја слободна проценка има некаде околу 1000 жители, населбата е модерна уредена, но голем број од луѓето се иселени, особено во Италија и затоа слободно можеме да ја наречеме и Италијанска вечер. Средбата е многу добра, бидејки остана како традиција, истакна Христов.

Во склоп на 15-тата Расадничка вечер и музичката програма подготвена по тој повод, пред жителите на Расадник свој настап ќе има естрадната уметничка Анета Мицевска и групата Молика. Со овој настан завршуваат иселеничките средби организирани од страна на делчевските гастарбајтери.

Во пресрет на 15-тата „Расадничка вечер“
Во пресрет на 15-тата „Расадничка вечер“
Posted by delcevo365.mk on Thursday, August 15, 2019
Leave a Reply