Во Делчево започна реконструкцијата на главната сообраќајница која е дел од државниот пат А3 и е дел од меѓународната траса кон Република Бугарија. како што информираше делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, реконструкцијата ќе опфати градежни активности со асфалтирање во должина од 3,4 километри и е прва реконструкција на главниот булевар од неговата изградба.
-Согласно со проектот ќе се реконструираат двата коловози, од влезот во Делчево кај бензинската станица во должина од 3,4 километри, до излезот на Делчево односно крстосницата на регионалните патишта према преминот со Република Бугарија и патот кон општините Пехчево и Берово. Инвеститор на работите е Јавното претпријатие за државни патитшта, а изведувач е градежното претпријатие „Гранит“. Вкупната вредност на оваа инвестиција е 32 милиони и 463 илјади денари, информираше Трајковски.

Бидејки се работи за доста фреквентна делница Трајковски апелираше до возачите да бидат трпеливи, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да го почитуваат времениот режим на сообраќај.
Согласно динамиката на градежните работи, целосната реконструкција на главната сообраќајница во Делчево се очекува да завршат за помалку од 30 дена.
Leave a Reply