Синоќа околу 19:30 часот беше опожарена куќата на семејството Џитанови во с.Црник, во која живееа четири фамилии, стари луѓе и деца.
Според информациите од Ванчо Бучевски вработен во општината, од пожарот бил зафатен целиот горен спрат со цела покуќнина во него.
-Само брзата интервенција на противпожарните екипи од Делчево и Берово и помошта од жители од село Црник и Пехчево не дозволија огнот да ја пеплоса целата куќа, соопшти Бучевски.
Пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски, заедно со директорот на ЈКП ,,Комуналец” и вработените биле меѓу првите кои и пружиле помош на унесреќената фамилија.
-Апелирам до сите хумани граѓани и фирми, кој колку може да помогне за возобновување на нивниот дом, истакна Тренчовски.
Сметка на која може да се донира за семејството Џитанови.
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
АИДА ЏИТАНОВА
300057028657233
ПОДАЈ РАКА, БИДИ ЧОВЕК….
Leave a Reply