Прес на претседателот на СДСМ Делчево

Денес прес конференција одржа претседателот на СДСМ Делчево, Влатко Величковски. Текстот од прес конференцијата ви го пренесуваме во целост:

………………………………………………..

Почитувани сограѓани, ЗБОРОТ ВАЖИ Градиме квалитетна патна инфраструктура, каква што ветивме. После успешно завршениот проект со реконструкцијата на патотДелчево-Звегор кон Граничен премин со Република Бугарија,како иповеке улуци низ градот Делчево, се решава уште еден деценискипроблем на жителите на Делчево и сите транзитни возила коиминуваат низ градот.За прв пат од неговата изградба, се реконструира главниот булеварво Делчево. Започна реконструкцијата на главната сообраќајницакоја е дел од државниот пат А3 и е дел од меѓународната траса конР.Бугарија. Реконструкцијата ќе опфати градежни активнисти соасфалтирање во должина од 3,4 км. Согласно проектот, ќе се реконструираат двата коловози од влезотво Делчево кај бензинската станица, па се до излезот од Делчево,односно крстосницата на регионалниот пат према граничниотпремин кон Р. Бугарија и регионалниот пат кон општините Пехчевои Берово. Инвеститор на работите е Јавното претпријатие задржавни патишта, а изведувач е ГП “Гранит”.Вкупната вредност наоваа инвестиција е 32 милиони и 463 илјади денари. Целосната реконструкција на главната сообраќајница очекуваме да заврши за 30-ина дена. Со тоа ќе се обезбеди поголема безбедност восообраќајот на жителите и околината, како и развој на овој регион. Со оглед на тоа што со години бевме сведоци на очајната состојбаво која се наоѓаше овој булевар, огромно е задоволството што конечно овој булевар се реконструира.Успешните политики на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев продолжуваат. И како локална и како централна власт и понатаму ќе се залагаме со уште поголем интензитет да се реконструираат патни правци како и изградба на нови, затоа што добрата и квалитетна патна инфраструктура представува крвоток на економските активности како и проток на луѓе, стоки и услуги.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*