Нова образовна насока во гимназијата „Ацо Русковски“ во Берово

Вкупно 104 нови средношколци ќе ја започнат учебната 2019/20 година во беровската гимназија „Ацо Русковски“. Заклучно со последниот упис, како што информираше директорот Сашко Корчовски, гимназијата имаше на располагање слободни места како во гимназиските, така и во стручните образовни насоки.
– Уписите за запишување на ученици во прва година завршија, а во нашата гимназија досега се запишаа 104 ученици кои ќе започнат да следат настава во прва година гимнаизија. На учениците им понудивме уписи во гимназиски паралелки како и во две струки, угостителско-туристичка и текстилно-кожарска, соопшти Корчовски.
Во координација со општина Берово годинава и Министерството за образование годинава во училиштето за прв пат се вршеше упис и во шумарско-дрвопреработувачката струка, соопшти Корчовски.
 
-Ова е новитет во делот на уписите во гимназијата. Најголем интерес годинава учениците покажаа за гимназиските паралелки. Во последните три-четири години интересот се зголемува и за туристичко-угостителската струка, па потоа следат текстилно-кожарската и еве од годинава за прв пат учениците имаа можност да се запишаат во дрвопреработувачката насока, додава Корчовски.
 
Во општинското средно училиште „Ацо Русковски“ во Берово учебната 2019/20 година ќе ја започнат со бројка од 400 ученици кои ќе посетуваат настава од прва до четврта година.

Нова образовна насока во гимназијата „Ацо Русковски“ во Берово

Нова образовна насока во гимназијата „Ацо Русковски“ во Берово

Posted by delcevo365.mk on Monday, August 19, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*