Во тек пријавувањето за планинарскиот марш „Голак 2019“

До четврток, трае пријавувањето за планинарски марш „Голак 2019“ кој по 5-ти пат, на 25 август ќе се одржи во Делчево. Организатор на настанот е Планинарски-спортски клуб „Голак“ чиј претседател ги покани сите љубители на планината и спортскиот дух да се пријават на планинарскиот марш до врвот Чавка.
 
-Се работи за средно тешка патека во должина од 12 километри, патека која неодамна беше маркирана и соодветно обележана со што планинарите ќе можат без псоериозни пречки да се движат по истата. Очекуваме на маршот да се повтори бројката од минатата година зедоа, кога на маршот активно учество во зедоа над 100 учесници од Делчево и поширокиот регион, рече Чучуковски.
 
Маршрутата на движење до врвот Чавка започнува од градот Делчево, а истата, како што додаде Чучуковски, се искачува за 3 часа и 30 минути.
 
-Од Делчево се упатуваме кон манастирскиот комплекс Св.Богородица Балаклија, потоа продолѓуваме кон месностите Трајанов Рид, Долна Богданица и Стари Голак се до спортските терени и врвот Чавка на 1538 метри надморска висина, дополни Чучуковски.
 
Учество на настанот најавија и гости од Бугарија со што планинарскиот марш „Голак 2019“ како и претходните години е од меѓународен карактер.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*